петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаМакедонијаНе се почитуваат замрзнатите цени на производите, ниту со повисока пензија не...
spot_img

Не се почитуваат замрзнатите цени на производите, ниту со повисока пензија не можат да се обезбедат лекови и храна

Од денеска започна исплатата на априлските пензии. Втор месец по ред оваа година пензионерите на сметка добиваат повисоки пензии, и втор месец по ред велат дека покачувањето не го чувствуваат. Со денешните македонски пензии сите анкетирани пензии се согласни дека не може да се купи речиси ништо, пари има едвај за лекови и леб, а скапо се цените на сите основни производи за живот. Тешко велат, а сметките за струја и вода не чекаат и мора да бидат платени на време.

„Ништо, што е покачено 1000 до 1500 денари, ништо не може да се купи, дрвата станаа 6 илјади денари, пиперот исто скап“ – велат граѓаните.

Пензионерите се согласни дека не се почитуваат и замрзнатите цени на производите, па едвај сврзуваат крај со крај.

Инаку денеска започна исплатата на пензии до 11 илјади денари, утре среда ќе се врши исплата на пензии од 11 до 14 илјади денари, во четвротк од 14 до 18 илјади денари и во петок ќе се испатат пензиите над 18 илјади денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 25 април (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ