среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип News„Не“ за „Францускиот предлог“: Македонците го блокираа сообраќајот на патните правци ...
spot_img

„Не“ за „Францускиот предлог“: Македонците го блокираа сообраќајот на патните правци Велес – Штип и Штип-Скопје

Поради протест и блокада на магистралниот пат Велес – Штип во близина на село Сарамзалино сообраќајот ќе биде во прекин од 13 до 14 часот, информираат од АМСМ.

Од 10:35 часот, поради собир на граѓани, блокиран е патниот правец Штип-Скопје кај новата патарина Кадрифаково. 

Активностите на граѓаните кои протестираа против францускиот предлог во изминатите шест дена, денес продолжуваат со блокади низ државата, а протест повторно е најавен за во недела во 19 часот.

Блокади се најавени во периодот од 13 до 14 часот во Скопје пред Владата, како и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ