среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНе е шала, напротив, тажно и вистинито: Алијанса за Албанците во одбрана...
spot_img

Не е шала, напротив, тажно и вистинито: Алијанса за Албанците во одбрана на вооружениот провокатор – „Пукачот“ се бранел!?

Алијансата за Албанците реагираше по синоќешните настани на плоштадот Скендербег, каде што беше вклучен и братот на функционерот, Зуди Енузи-Кока. Од АА велат дека граѓаните веќе неколку дена „се незаштитени од хулиганите на протестите“, а апелираат до власта да не ги тера граѓаните да се бранат. Според нив, братот на Кока вчера се бранел.

„Два последователни дена Албанците од Скопје се незаштитени од државата и полицијата. Хулиганите од неодамнешните протести вчера и денеска ги нападнаа имотите на Албанците и граѓаните во Старата чаршија и плоштадот Скендербег. Ги повикуваме граѓаните да бидат воздржани и внимателни и да не напаѓаат во провокации и мрачни сценарија.

Ги повикуваме партиите од власта, носителите на институциите, да не ја оптоваруваат ситуацијата со политички клевети, туку да ги заштитат граѓаните и да не ги принудуваат Албанците да се бранат, како што се случи денеска во Скопје, сами да го заштитат својот имот, нивната егзистенција и нивните животи. Најостро го осудуваме однесувањето на СДСМ и ДУИ кои денеска наместо да работат на заштита на граѓаните воопшто, избраа да ја затегнуваат ситуацијата со обвинувања за сценарија кон албанската опозиција“, изјави Наим Бајрами од АА.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ