понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаСпортНе даде ниту еден гол, но објави фотографија по победата – еве...
spot_img

Не даде ниту еден гол, но објави фотографија по победата – еве зошто Роналдо за само неколку часа собра над шест милиони лајкови (ФОТО)

Потешко од очекувањата, португалската репрезентација се пласира на Светското првенство во Катар откако поради поразот од Србија во последното квалификациско коло, мораше да игра уште два бараж натпревара.

Не одигра ништо посебно против Турција и Македонија, но во своите редови има премногу искусни и квалитетни фудбалери за да киксира уште еднаш, па пред крајот на годината ќе се обиде повторно да дојде до светската титула. Најсреќен поради пласманот е Кристијано Роналдо кој петти пат во својата кариера ќе игра на Мундијал. Веднаш по победата против Македонија, тој на својот Инстаграм профил објави заедничка фотографија на целиот тим која до утринава собра над шест милиони лајка.

„Целта е остварена, одиме на Светското првенство во Катар. Таму сме каде што треба да бидеме. Благодарам на сите Португалци за неуморната поддршка. Напред Португалија“, напиша Роналдо.

Интересно е тоа што на двата бараж натпревара, против Турција и Македонија, фудбалерот на Манчестер Јунајтед не постигна ниеден гол што е уште еден доказ дека неговата кариера забрзано оди по надолна линија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ