петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаШтип News„Нешто слатко“ доаѓа и во Штип: Филмот со Јелена Јованова и Сашко...
spot_img

„Нешто слатко“ доаѓа и во Штип: Филмот со Јелена Јованова и Сашко Коцев пред штипската публика на 15 јуни

Филмот „Нешто слатко“ овој четврток и пред штипската публика.

Романтичната комедија во која главните улоги ги толкуваат веќе докажаните актерски имиња, Јелена Јованова – Периќ и Сашко Коцев ќе се прикажува во Летното кино со почеток од 20:30 часот.

Актерката, Јелена во изјава за Канал 77 вели дека филмот е навистина „нешто слатко“ како што кажува и самиот наслов. Таа вели дека немала јазични бариери и не ѝ било проблем да го одигра ликот на хрватски јазик со оглед на тоа дека една деценија живее во Хрватска.

Со Словенците се разбираме, жал ми е што ме најдоа многу касно и немавме многу време пред самото снимање бидејќи ликот беше планиран за Словенка и ќе ми беше вистински предизвик да научам словенечки. Поради времето коешто го немавме одлучивме Каја да биде Хрватка – изјави Јелена.

Таа додаде дека најголемиот предизвик било да се снима филм кој ќе биде независен и спонзориран само од неколку спонзори и да се истрае во тоа.

Имаше некое позитивно лудило и ентузијазам кај секој еден во екипата да го завршиме снимањето до крај. По премиерата на филмот во Љубљана, се убедив дека успеавме во тоа – додаде актерката.

Филмот е во режија на стенд-ап комичарот Тин Водопивец. Станува збор за збунувачка романтична комедија полна со преплети и забавна содржина. Кариерата на една организаторка на конференции е во рацете на маркетинг гуруто од Македонија кој го пропушта летот за Љубљана. За да избегне катастрофа, го заменува со еден локален слаткар кој изгледа исто како него.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ