Тажна вест се прошири на социјалните мрежи. На 34 години почина Анета Јовановска, сопруга и мајка на две малолетни деца.
Во декември минатата година за неа се собираа донации за да може да го продолжи лекувањето во Турција. За таа цел беа потребни 18.000 евра.
За жал, Јовановска ја загуби битката со карцином на бели дробови.