среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНевакцинираните деца од 11 март нема да се примаат во градинките
spot_img

Невакцинираните деца од 11 март нема да се примаат во градинките

Од понеделник невакцинираните или нецелосно вакцинираните деца со вакцината ди-те-пер нема да се примаат во градинките, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Од ДСЗИ велат дека денеска ја добиле одлуката на министерот за здравство, а која е врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести (КЗБ). Во препораката од Комисијата се вели дека Инспекторатот се задолжува да врши вонредни инспекциски надзори и да забрани прием на деца во предучилишни установи, кои не се имунизирани или се нецелосно имунизирани со ди-те-пер.

Со овие контроли ќе спречиме да се мешаат вакцинирани со невакцинирани а тоа е еден од начините за спречување на ширење на пертусис, кој гледаме дека се шири. Ако кај 1 од 1000 заразени може да дојде и до фатален исход, не сакаме да се доведеме во таква ситуација, вели д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ