Штипјани од понеделник ќе бидат изложени на уште поголема мака, особено ако се има в предвид дека патот кон Свети Николе и Скопје ќе ги чини финансиски многу повеќе отколку сега.
Според најавите од Министерството за транспорт, од понеделник ќе се пуштат во употреба патарините на автопатот Штип – Миладиновци. Ова значи дека за патување до Свети Николе ќе треба да се платат дополнителни 140 денари, додека во правец за Скопје, 320 денари.