петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН: Усвоени знамето и химната на некогашна Македонија - Денес,...
spot_img

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Усвоени знамето и химната на некогашна Македонија – Денес, Северна има ново знаме, ново име и нова историја!

На 11 август во 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија биле усвоени знамето црвено со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци кое беше во сила до 5 октомври 1995 година, кога е сменето во црвено со златно-жолто сонце, со осум сончеви зраци.

На денешен ден во законодавниот дом била усвоена и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија.

Автор на текстот на македонската химна е Владо Малески, а музиката е на Тодор Скаловски. Песната е напишана во 1941 година.

По завршувањето на Втората светска војна е усвоена како химна на Социјалистичка Република Македонија во рамките на поранешна Југославија, а во 1992 година со закон е прогласена и за химна на независна Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ