среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНАТО ефект: Макеоднската армија ќе добие повисоки плати за 2.000 денари
spot_img

НАТО ефект: Макеоднската армија ќе добие повисоки плати за 2.000 денари

Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, откако ова законско решение цела година беше блокирано од страна на опозицијата.

Овие измени и дополнувања обезбедуваат сериозни придобивки за припадниците на Армијата. Следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал за над 2.000 денари.

Професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата.

За активниот воен и цивилен персонал се предвидува исплата на боледување во висина од 100 % од основната плата и додатоци на плата, а се воведуваат поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата.
Придобивки има и во делот на пензионирање на војниците.
Од сега, војниците ќе се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на возраста.

Има и нова пресметка за активен воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата, во висина од 80% од најповолните 10 години од пензискиот стаж.
Со измените се создава можност за исплата на отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години возраст во износ од две просечни плати, но не помалку од 1000 евра за секоја година помината во службата.

Овие законските измени се усвоени а придобивките од нив ќе ги почувствуваат над 6.700 припадници на Армијата кој секојдневно се на браникот на државата.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ