сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаНаместо замрзнување на цените, ограничување на маржите
spot_img

Наместо замрзнување на цените, ограничување на маржите

Замрзнатите цени на дел од основните прехранбени продукти важат до крајот на февруари, но за понатаму Владата ја разгледува можноста за воведување на мерка за ограничување на маржите во трговијата на големо и мало, со цел да се спречи нивно зголемување, најави министерот за економија Крешник Бектеши. На темава овие две недели ќе се одржат директни средби со претставници на засегнатите страни, производителите и трговците со прехрамбените производи кои се замрзнати..

„Најверојатно ќе се оди со дефинирање на одредени маржи и во трговијата на мало и во трговијата на големо, имајќи во предвид дека во делот на производите што ги произведуваме дома, таму секако може да се интервенира. Но, забележавме дека производите кои што се увезуваат во нашата земја, кај нив има поголемо зголемување на цените и затоа најверојатно ќе се оди со опцијата на определување на маржите“, вели Бектеши.

За Сојузот на стопанските комори ограничувањето на маржата на самите производи е многу поквалитетна мерка, бидејќи на тој начин ќе се следи добивката која ја имаат компаниите, додека со замрзнувањето на цените тие се доведуваат во позиција да банкротираат, вели за Канал 5 Горан Ѓоргиевски од Агробизинис-комората.

„Сосема е рационално во дадените услови кога влезните суровини, влезните енергенси, односно платите кои ги земаат работниците, каде се тоа кога ќе се стави на еден тег на една вага, што тоа е на влезот, на излезот ги имаме тие замрзнати цени, ако е таква ситуацијата може да се случи да дадената компанија врз основа на калкулациите оди во загуба, доколку се оди на принципот на ограничување на маржите тогаш таа позиција е многу подобра за компанините, затоа што ние не сакаме да профитираме во овие специфични времиња, и сметаме дека е многу порационална мерка“, вели Ѓоргиевски.

Најавата за дефинирање на маражата, доаѓа откако државниот завод за статистика објави дека и во јануари цените на мало продолжија да растат – за 1,2 проценти во однос на декември, и 7,3 проценти во однос на јануари минатата година..

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ