Селото Ојмјакон во далечниот источен дел на Сибир се смета за најстудено населено место на планетата – најниската измерена температура таму е -71,2 °C. Можете ли да замислите како изгледа секојдневието во ваква „санта мраз“?
Ојмјакон е руско село во Република Саха, на брегот на реката Индигирка, со околу 500. жители.
Бидејќи селото се наоѓа во близина на Северниот Пол, должината на денот и ноќта во текот на годината драстично варира – во текот на декември денот трае само три часа, а во јуни дури 21. час.
И’ покрај сето тоа, благодарение на чистиот воздух, здравата исхрана и чистата вода, жителите на Ојмјакон се познати по својата долговечност.
Но, како изгледа нивниот нормален живот во овие крајности?
За почеток нема мобилна телефонија, бидејќи уредите ви мрзнат во џебовите, а оние што немаат загреана гаража, не ги исклучуваат автомобилите преку ноќ, бидејќи наутро не би можеле да ги вклучат.

Поради проблеми со замрзнатите цевки, канализацијата нема многу смисла, па тоалетите најчесто се наоѓаат надвор од куќата.

Живата се замрзнува во термометрите, дури и мастилото во моливите, а кога топла вода ќе се истури во чаша и ќе се распрсне во воздухот, се претвора во снежен облак.

Најчесто се јаде месо. Населението на Ојмјакон најмногу се занимава со сточарство и риболов. Поради екстремно ниските температури и фактот што почвата замрзнува на длабочина од дури 1.500 метри, не е можно одгледување жита, овошје или зеленчук, а во исхраната се вклучени и диви плодови од локални растителни видови.

Од локалните специјалитети се издвојуваат млечните производи „хајак“ и „ќорчех“ кои наликуваат на путер и сладолед, како и најпознатото ојмјаконско јадење – „строганина“ (изгребана свежо замрзната риба).

Во Ојмјакон има една продавница, дом на култура и спортски центар, училишта и градинка. Интересно е што децата одат на училиште и кога температурата ќе падне на -50. Наставата за учениците од прво до петто одделение се откажува само доколку температурата се спушти до -52 степени.

Областа е богата со експлоатативни наоѓалишта и рудници на злато, како и со топли извори, а туристите кои ги посетуваат овие области – главно го прават тоа за да ги тестираат сопствените граници.
