среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМуцунски: Нашата следна цел е добрата локална политика да се пренесе на...
spot_img

Муцунски: Нашата следна цел е добрата локална политика да се пренесе на национално ниво

ВМРО-ДПМНЕ вчера избра двајца нови потпретседатели и двајца останаа истите како и претходно. Еден од новите потпретседатели е Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. За Утрински брифинг Муцунски вели партиското освежување со нови луѓе ќе продолжи со квалитетни кадри, како што се Сашо Клековски и Маја Кадиевска Војновиќ.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ со промената на статутот веќе направи исчекор во внатрепартиската демократија. Муцунски коментира дека Христијан Мицкоски беше единствен кандидат за претседатл на партијата поради неговите заслуги во водењето на партијата во претходниот период, но тоа не било пречка и некој друг да се кандидира.

Сметам дека промените вчера што се случија се добра симболика по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори што беше резултат на добрите политики на партијата. Резултатот покажа дека граѓаните сметаа дека политиките на дотогашната власт не се добри и ја дадоа довербата на ВМРО-ДПМНЕ. Нашата следна цел е предвремени парламентарни избори и добрата локална политика да се пренесе на национално ниво, вели Муцунски.

Тимчо Муцунски рече дека Христијан Мицкоски на конгресот на 12 декември бил избран повторно за партиски претседател како единствен кандиат поради, како што вели тој, убедливата победа на локалните избори.

Земајќи ја предвид убедливата победа која тој ја извојува и покрај тешките предизвици со кои тој се соочуваше во рамки на партијата, тоа беше очекувано. Јас искрено ќе се изненадев да не беше така после таква победа, која беше резултат на квалитетно испланирана кампања, резултат на добра внатрепартиска организација. Тоа беше очекуваниот чекор, рече градоначалникот на Аеродром.

Муцунски вели дека жените се добро застапени во телата на партијата и дека станува збор за квалитетни луѓе кои се докажани во својата професија. Тој додава дека во телата на партијата има и мажи и жени од различни професии и дека тоа е нужно за квалитетни дискусии и носење политики.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ