среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаНекатегоризираноМуслиманите денеска го слават Рамазан Бајрам
spot_img

Муслиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување.

Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз.  По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини.

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. 

Во текот на Рамазанскиот пост, муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитр, милостина на сиромашните. Фитерот треба да се даде пред утринскиот Бајрам-намаз, а ако некој тоа не го направи се обврзува фитерот да го даде во текот на годината.

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

По повод празникот, честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ Реисул Улема, Шаќир Фетаи со желби и „молејќи се на Семоќниот Алах да ги прифати со Неговата милост сите наши молитви, нашиот пост, сите наши дела направени во свет месец“.

– Во овие среќни денови Рамазанската школа нè научи да не ги заборавиме нашите луѓе кои имаат потреба: сиромашните, сираците, инвалидите но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан, давањето на Садакатул Фитр ни стана обврска, како што Божјиот Пратеник ни покажа дека со давање на Садакатул Фитр го прочистуваме нашиот пост од прекумерни зборови. Со еден збор, Фитр Бајрам е прослава на доброто наспроти злото, духовно наспроти страсти, морално наспроти неморално, трпението наспроти нетрпеливоста, божественото наспроти сатанското. Сето тоа нé прави луѓе на акција, луѓе кои повикуваат да негуваме добри дела и луѓе кои спречуваат лоши дела, вели во честитката Фетаи.

Со еден збор, се посочува во честитката на поглаварот Фетаи, Фитр Бајрам е прослава на доброто наспроти злото, духовно наспроти страсти, морално наспроти неморално, трпението наспроти нетрпеливоста, божественото наспроти сатанското.

– Сето тоа нé прави луѓе на акција, луѓе кои повикуваат да негуваме добри дела и луѓе кои спречуваат лоши дела. Во овие денови на радоста на Фитр Бајрам, со чисти срца се обраќаме кон Семилосниот Алах, да ни даде сила на верување, можност да се одвратиме од гревовите, храброст да простиме и да се помириме, да се насмееме со другите, да негуваме сегашна и уште посветла иднина, да создадеме подобри можности и услови во нашето општество за да го запреме трендот на економски миграции. Го молиме Семоќниот Аллах да им даде радост и надеж на срцата на сиромашните, луѓето со физички и духовни проблеми, за денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред сè – благодарни на Големиот Бог за неговите добринии што ни ги дал, се истакнува во честитката на Фетаи.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ