петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМузејот на Тоше 11 години најпосетуван на Балканот
spot_img

Музејот на Тоше 11 години најпосетуван на Балканот

И после 11 години постоење Спомен домот Тодор Проески во Крушево останува најпосетениот музеј на Балканот со околу 1 милион посетители од целиот свет. Музејот е отворен на 25 април 2011 година, на вториот ден од Велигден, така одлучило семејството бидејќи Тоше беше голем верник. Тука се поставени 360 експонати, негови лични предмети кои тој ги користел од неговото најрано детство, па се до трагичниот момент на загинувањето.

„Посетеност имаме буквално од целиот свет, имајќи предвид дека Крушево е место кое последните години го посетуваат многу луѓе со адреналинскиот туризам, имавме посетители од Кина, од Тајван, европските земји се секогаш тука, луѓето кои се насекаде во светот, а потекнувата од Балканските простори, неизоставно кога доѓаат во Крушево го посетуваат и Спомен домот“, вели Лефкија Гажовска, директорка на Спомен куќа „Тодор Проески“.

По повод овој јубилеј денеска во Спомен домот се доделива ваучери на социјално ранливи семејства, имаше мизуички настап, литературно читање, а се доделија и јубилејни награди на вработените коии 10 години се дел од овој Дом. Една од нив е Надица Талеска, кустос во Спомен куќата.

„Страсните фанови на Тоше се уште се потсетуваат со вистински чувства и големи емоции, бидејќи биле дел од неговите настани, од неговите концерти. Дел од нив и лично го знаеле Тоше. Меѓутоа има и посетители кои немаа можност да го запознаат лично, тие се интересираат повеќе за делот на неговата кариера и како истата ја започнал“, вели Надица Талеска, кустос во Спомен домот.

Се одржа и изложбата на Снежана Лазарова Луна „Мојот и твојот непребол“ на дела изработени со ориз и црно семе синапово. Техника единствена во Македонија.

„Идејата беше првенствено да ја прикажам светлината и темнината, негативното и позитивното и сето тоа вкомпонирано на еден оригинален начин“, додаде на Снежана Лазарова Луна, уметник.

Спомен домот и понатаму ќе продолжи да биде вистиски достоен чувар на ликот и делото на нашиот Тоше.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ