среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМомче од струга со уцена до Мелита Ракичевиќ - Или пари или...
spot_img

Момче од струга со уцена до Мелита Ракичевиќ – Или пари или објавување на компромитирачки фотографии од познатата водителка!

Екс водителката Мелита Ракичевиќ била уценувана од момче од Струга, кој го злоупотребил нивното пријателство, па работата дошла до таму што морала да го пријави во полиција. ММС ја контактираше Ракичевиќ, која потврдила дека извесно време била уценувана и дека морала да се обрати во полиција.

Да вистина е и ќе го тужам затоа што ме малтретираше мене и целото мое семејство. Се дружеше со нас, а сега за да не објавил наши приватни разговори и фотографии ми бара пари. Почна со сума од 2.000 евра па стаса до околу 5.000 евра, потврди Мелита за ММС.

Полицијата на 10-ти август во дневниот билтен објави дека СВР Скопје поднело кривична пријава против Г.К.(36) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.

Во јуни 2020 година во Охрид пријавениот се запознал со М.Р., по што интензивно комуницирале на пријателска база и тој цело време тајно ја фотографирал и ги снимал сите меѓусебни телефонски разговори.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ