сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМожно ли е да се спречи ценовен шок на горивата?
spot_img

Можно ли е да се спречи ценовен шок на горивата?

Цените на горивата непрекинато растат. Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапуваат за денар и ќе се продаваат за 82, односно 84 денари, а литар дизел ќе чини 74 денари.

Иако во крајната цена на горивата повеќе од 40% се давачки кон државата, од Владата нема најави за дополнителни интервенции со цел да се намали или замрзне цената на горивата, по примерот на некои држави од регионот.

„Владата уште во јули лани донесе одлука за укинување на дополнителната акциза на дизел горивото со што граѓаните плаќаат два денари пониска цена. Целта на оваа одлука беше да се заштити стандардот на граѓаните.
Со измените во Законот за акцизи во април минатата година сме осигурени да нема висок раст на цените на горивата, така што ставивме варијабилна маргина која е поврзана со цената на барел нафта на светската берза. Така, ако цената на нафтата на светската берза расте, оваа маргина ќе се намалува што ќе влијае на крајната цена на горивата кај нас“, пишува во одговорот од Владата.

Србија и Хрватска веќе ги замрзнаа цените на горивата. Унгарија го стори тоа уште во ноември, а цените таму ќе останат непроменети до 15 мај. За да ја зачуваат куповната моќ на населението, некои азиски држави ги намалија даноците со цел да го зауздаат поскапувањето на горивата, што потоа се пресликува на цените на останатите производи.

Според експертите, државата мора веднаш да интервенира не само за горивата, туку и кај другите основни производи.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во текот на неделава ќе поднесат предлог законски измени во Собранието за замрзнување на цените на горивата и намалување на акцизата. Сметаат дека на тој начин крајната цена може да се намали за околу 14 денари за литар.

Растот на цените на горивата е значајно поголем од растот на платите. Ако пред една година со една просечна плата можело да се наточат околу 550 литри дизел, со сегашната просечна плата може да се купат само 400 литри.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ