Наскоро населба Сењак 4 ќе добие современ парк со повеќенаменски детски игралишта и содржини.
Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека тендераката постапка за реализација на проектот е во завршна фаза.
„Во следните неколку недели очекувам да се заврши проектот, кој предвидува изградба на повеќенаменско детско игралиште, игралиште за мал фудбал со вештачка трева, ново игралиште за баскет, целосно осветлување и уредување со нова урбана опрема“, изјави Јорданов на својот ФБ профил.


