среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМладиот херој Пејчиновски исплива 64 километри за речиси 22 часа!
spot_img

Младиот херој Пејчиновски исплива 64 километри за речиси 22 часа!

Младото момче од Охрид, Марко Пејчиновски успеа да направи нов, огромен, подвиг откако изплива 64 километри на релација Охрид – Струга – Свети Наум – Охрид. 

Целта на младиот охридски херој беше да ги инспирира и поттикне младите да веруваат во себе, а и самиот тој сакаше да си докаже дека може. Летово Пејчиновски имаше десет препливувања на Охридското езеро, сите со различни рути со вкупна должина од околу 250 километри. 

Големото „финале“ беше ова, најдолгото кое Пејчиновски го пливаше 21 час и 42 минути. Младото момче вчера во 11:56 минути тргна од Охрид, за утрово пак да се врати во центарот на градот. Огромен број на граѓани и туристи го следеа, поздравуваа и пречекаа Пејчиновски во центарот на Охрид. 


ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ