понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsМини изложба на фотографии од минатато преставени денеска во Штип
spot_img

Мини изложба на фотографии од минатато преставени денеска во Штип

Отворена мини изложба на колоризирани фотографии пред Факултетот за образовни науки во Штип. Целта на изложбата е преку фотографии да се стави акцент на минатото. Фотографиите кои беа изложени и достапни за сите граѓани во Штип се избор од Штип, Карово и Охрид.

„Во рамки на отворениот ден на ФОН катедрата на историја и археологија организира една мини изложба на стари фотогорафии, во конкретниот случај од Штип. Оваа изложба е во рамките на еден поширок проект на објавување и колоризирање на повеќе или помалку познати слики“ – кажа професор Цацков.

Да се направи споредба на животот во минатото и денес, и тоа да се прикаже преку фотографија е доста тешка задача, вели историчарот Киро Мавровски, кој впрочем ги работеше и самите фотографии. За тоа колку е напорно да се изработи една ваква фотографија зборува и фактот дека студентите се откажувале уште на самиот почеток, додава Мавровски.

„Целта е да се предизвика малку внимание кон минатото, ама на еден културен приказ, значи да се види каков точно бил животот. Да се направи споредба како било тогаш и како е денес. Тоа е и целта на колоризирањето, да се согледа малку поблиску светот можеби не сосем точно, но сепак поблиску до нашето сваќање на сегашноста“ – додаде Мавровски.

Фотофрафиите кои беа изложени денеска преставуваат една целина од 26 година кои даваат вистински увид на тоа како било во Македонија во тоа време.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ