недела, декември 10, 2023
spot_img
ПочетнаМакедонијаМедицинската сестра која во два наврати беше фатена во кражба на цитостатици...
spot_img

Медицинската сестра која во два наврати беше фатена во кражба на цитостатици не се појавила на распит пред јавниот обвинител

Медицинската сестра А.О. од Скопје, која во два наврати беше фатена во кражба на цитостатици на Клиниката за онкологија при Клинички центар „Мајка Тереза“, им бега на органите на прогонот. Таа, според потврдата која „Слободен печат“ ја доби од Обвинителството, не се појавила на распитот на кој била повикана. Во моментот истражните органи ја проверуваат нејзината достапност. Според наши информации што ги објавивме пред 3 недели, сестрата е во Германија. Повеќе од извесно е дека ќе има обвинение, а ако не се врати од Германија ќе ѝ биде судено во отсуство.

За А.О. има две кривични пријави кои што Министерството за внатрешни работи ги поднесе до Обвинителството. Првата се однесува на кривичното дело кражба и е од 2020 година. Второто се однесува на кривичното дело „послужување“. И двете дела се за крадење цитостатици, но не значи дека Обвинителството ќе ја гони за „послужување“. Зависно од доказите, можно е Обвинителството да го преиначи кривичното дело во „кражба“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ