среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsМВР билтен: Две сообраќајни несреќи на патот Штип – Делчево
spot_img

МВР билтен: Две сообраќајни несреќи на патот Штип – Делчево

Две сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден на патот Штип – Делчево.

На 01.10.2022 во 11,10 часот пријавено е дека на магистралниот пат А-3 Делчево-Македонска Каменица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(68) од с.Турија, делчевско, и патничко моторно возило “голф“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од В.Р.(56) од с.Тодоровци, Македонска Каменица.

По несреќата, сопатникот во патничкото моторно возило „опел корса“ Б.Н.(68) од с.Турија бил пренесен во Клиничка болница- Штип каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Делчево.

На 01.10.2022 околу 23.55 часот пријавено е дека на магистралниот пат А-3 Штип-Делчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ,,голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од М.М.(34) од с.Облешево, патничко моторно возило „тигуан“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.Ј.(27) од с.Мојанци и патничко моторно возило „ауди А4“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(34) од Виница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило ,,голф“ М.М., а сопатниците во патничкото моторно возило ,,тигуан“ С.Ј.(51) и Ж.Ј.(47) и двајцата од с. Мојанци се здобиле со телесни повреди, констатирани од лекар во Општата болница-Кочани. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР-Кочани.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ