петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМузикаМарија Шерифовиќ фасцинирана: Ова ми беше едно од најубавите патувања во Македонија...
spot_img

Марија Шерифовиќ фасцинирана: Ова ми беше едно од најубавите патувања во Македонија (ВИДЕО)

Српската пејачка Марија Шерифовиќ викендов беше во Скопје и во студиото на Дарко Димитров сними една од песните за новиот албум. Taa од Дарко побара да раскаже анегдота за нивната прва средба во 2003 година, а тој рече дека уште тогаш знаел дека Марија е вонсериски пејач.

Шерифовиќ го снимаше целото патување од Белград до Скопје, па објави видео на својот Јутјуб. Со фановите сподели и каде е сместена, што јаде, ја оценуваше храната, а пушти и мал дел од новата песна. На крајот отиде во казино, па се пофали и дека не ги изгубила парите.

„Заработив 62 евра. И мора да ви признам, ова ми беше едно од најпријатните патувања во Скопје. Ми се бендиса Мериот, и локацијата, храната, услугата, љубезноста“, вели Шерифовиќ.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ