понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМакедончето го чека нова економска криза: Русија најавува дека ќе го запре...
spot_img

Македончето го чека нова економска криза: Русија најавува дека ќе го запре гасот за Македонија откако Владата не дозволи прелет на авионот на Лавров

Македонија, Црна Гора и Бугарија, кои не дадоа дозвола за летање со авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, треба да престанат со снабдување со руски енергенси, смета првиот заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација Владимир Јабаров, објави „Политика.рс“.

Црна Гора, Бугарија и  Македонија вчера го забранија летот на руски владини авиони преку нивниот воздушен простор  пред најавената посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Србија.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, потврди дека земјите што ја опкружуваат Србија го затвориле небото за авионот на Сергеј Лавров, нагласувајќи дека Москва не е таа што гради нова „железна завеса“, туку дека Европа ја оградува Русија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ