среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаСпортМакедонскиот ас со огромен скок на АТП-листата – Ивановски првпат е меѓу...
spot_img

Македонскиот ас со огромен скок на АТП-листата – Ивановски првпат е меѓу најдобрите 400 на светот!

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, направи огромен скок на АТП-листата, откако со бодовите добиени од триумфот на неодамнешниот фјучерс во Скопје дојде до 362. место напредувајќи дури 50 позиции на оваа листа.

За 19-годишниот предводник на „белиот спорт“ кај нас ова е првпат во кариерата да е меѓу најдобрите 400 тенисери, што е одличен показател дека неговата кариера оди во нагорна линија. Тој со победата на терените на ТК „Југ“ доби нови 24 ранкинг бодови, а кои ќе додаде уште три од настапот минатата недела поради што следниот понеделник повторно ќе има најдобар пласман на АТП-листата и тоа за три места погоре од денеска. Голем напредок има и Горазд Србљак, кој скокна за 51 место со што дојде до 1.157 позиција во светот, односно му се приближи на Обрад Марковски кој сега е само три места подобро пласиран од репрезентативниот колега.

На врвот на листата останува Новак Ѓоковиќ, кој лидерската позиција, сепак, може да ја загуби за седум дена и тоа само ако Карлос Алкараз неделава триумфира на турнирот во Лондон, кој се игра на трева.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ