петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМакедонија се стресе - Земјотрес со јачина од 3 степени според макросеизмичката...
spot_img

Македонија се стресе – Земјотрес со јачина од 3 степени според макросеизмичката скала?!

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, известува дека вчера, неколку минути пред полноќ регистрирала земјотрес 135 км југо-источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 56 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.0 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот беше почувствуван од населението во Богданци, Гевгелија и околината, информираат надлежните.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ