понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМакедонија по ново „чудо“ во Манчестер против великанот Англија
spot_img

Македонија по ново „чудо“ во Манчестер против великанот Англија

Нов голем предизвик за најдобрите фудбалери на Македонија во квалификациите за Еуро 2024.

Црвено жолтите вечерва на легендарниот Олд Трафорд во Манчестер му гостуваат на европскиот вицешампион Англија.

За предводникот на македонскиот национален тим Боби Милевски ова е меч кој еден фудбалер може само да го посакува, меч кој се игра еднаш во кариерата.

Капитенот Стефан Ристовски пак смета дека Македонија знае да направи чудо токму против најсилните ривали.

Дуелот во Манчестер во рамките на 3 коло од групата Ц стартува во 20 часот и 45 минути.

На нашите најдобри фудбалери на дуелот на Олд Трафорд им посакуваме среќа и да успеат да направат уште едно изненадување и да го повторат резулатот од 2006 година кога во дуелот со големиот фаворит на истиот терен останавме непоразени играјќи 0-0.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ