петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаМакедонија доби нов амбасадор во белиот спорт: Ивановски го здроби Ламасин за...
spot_img

Македонија доби нов амбасадор во белиот спорт: Ивановски го здроби Ламасин за полуфинале во Франција!

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжи да игра во одличен ритам и денеска славеше против Тристан Ламасин со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-1.

Ламасин имаше проблеми со неговиот сервис, па направи дури пет двојни грешки, а тоа знаеше како да го искористи Ивановски и го доби првиот сет со 7-5.

Ивановски беше уште подобар во вториот сет против шестиот носител на турнирот и со убедливи 6-1 си обезбеди полуфинале во Поатје.

Македонскиот тенисер за место во финале ќе се бори против Саша Гејмар Вајенбург.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ