среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЛажни ветувања за пуштањето во употреба на болницата во Штип
spot_img

Лажни ветувања за пуштањето во употреба на болницата во Штип

„За еден месец ќе биде пуштена во употреба новата Клиничка болница во Штип„ вакви информации денес би објавувале медиумите, доколку изградбата на болницата се одвиваше според планот…Иако тогаш беше најавувано дека во јуни 2023 година овој современ објект ќе ги отвори вратите за пациентите и по седум години од ставањето на камен темелникот, објектот не е изграден ни до пола. При последната посета на болницата во Штип, министерот за здравство најави ново пролонгирање, давајќи рок до 2026, објави Алфа.

„Парите за Клиничка болница-Штип се обезбедени, се во буџетот. Има други проблеми законски, ќе ги решиме со фирмата , а мислам дека до 2026, нема да кажам за побрзо. Јас мислам ако овие денови одлучиме како понатаму да одиме , мислам дека и многу побрзо ќе биде пуштена во употреба„ рече министерот за здравство Фатмир Меџити кој пред две недели ја посети болницата во Штип.


Засега од министерството молк. Нема одговор на прашањето дали се надминати проблемите што ја кочат изградбата на објектот. Сепак граѓаните не го делат оптимизмот на министерот Меџити. Убедени се дека болницата никогаш нема да се изгради.

Анкета: „Новата болница ќе остане само сон за штипјани, никогаш нема да се изгради. Тие што даваат наредби дали да се гради или не имаат пари за да се лечат на приватни клиники, затоа мислам дека никогаш нема да се изгради. Не само што не е изградена, нема ни кадар, се надеваам дека идните генерации ќе останат овде да работат, а не да бегаат во странство„ велат анкетираните штипјани.

И додека се чека на новата болница, постоечката остана без кадар. Поради лошите услови за работа и ниските плати, но и по основ на пензионирање околу стотина лекари и медицински сестри ја напуштија болницата, а повеќе од две години не е распишан ниту еден оглас за вработување. Кадар најмногу недостасува на Одделот за анестезиологија, а загрижувачка е ситуацијата и на ортопедија, очни болести и инфективно. Дека состојбата е аларманта потврди и самиот министрот, кажувајќи дека и тој не би сакал да се лекува во вакви услови.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ