Годинава екстремно се зголемија и цените на млечните производи.
Сојузот на синдикати пресмета дека минималната синдикална кошница за преживување на едно четиричлено семејство е над 40.000 денари и е зголемена за повеќе од 100 евра во однос на јуни 2021 година.
Низ маркетите повторно се ставаат нови цени, а најголемо изненадување приредија млечните производи. Цените на кравјото сирење се движат над 400 до денари за килограм, на мешаното – кравјо со овчо, цените се околу 500 денари, а цените на кравјиот кашкавал од домашните производители е од 400 до 670 денари. Овие цени лани беа за 40 отсто пониски.
