сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsКрадци се обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во...
spot_img

Крадци се обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во гас централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница Штип.

Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е оддалечена од зградата на Инфективното одделение во кое се лекуваат ковид болните.

Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од шуштењето на воздухот па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање.

Случајот е пријавен во СВР Штип, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Од СВР Штип велат дека извршен е увид и се уште се трага по сторителот.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ