среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаКомисијата за заразни болести со препорака децата во основните училишта да не...
spot_img

Комисијата за заразни болести со препорака децата во основните училишта да не носат маски

Учениците во основните училишта нема да носат маски, нивните наставници и останат технички персонал задолжително ќе носат, дозвола за зголемување на капацитетот на исполнетост на објекти од затворен тип како театри, кина на 75 отсто и нема да се бараат сертификати во угостителски објекти во отворениот дел, овие препораки ги усвоила комисијата за заразни болести и ќе ги достави до кризниот штаб на владата.

Ослободувањето од носење маски не ги менува ниту протоколите доколку едно дете се зарази во изолација ќе одат само другарчињата кои седат со него на клупа. За маските имало долга дискусија, но сепак членовите се согласиле вели претседателот на комисијата Петличковски.

– Денеска имавме редовна седница на Комисијата за заразни болести на којашто прво ја разгледавме епидемиолошката состојба од минатата недела и врз основа на бројките од минатата недела, но и на оние критериуми кои ги спомнавме во соопштение минатиот пат со коишто се обидуваме да ја објективизирање процената на епидемиолошкиот ризик донесовме три мерки во согласност со тој нов алгоритам на процена на ризикот, изјави претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

Ваквата одлукла се донела врз основа на проценката на епидемилошкиот ризик и се наоѓаме во зелена зона. Доколку има влошување старите мерки се враќаат на сила.

– Доколку увидиме влошување на епидемиолошката состојба или зголемување на епидемиолошкиот ризик, тогаш може повторно на сила да се вратат истите мерки. На ваков начин, постепено олабавувајќи ги мерките согласно епидемиолошкиот ризик, доколку успееме да ја контролираме на терен епидемиолошката состојба, сметаме дека можеме не се доведеме во ситуација како што се доведоа земјите како што се Австрија, Германија, Велика Британија и Данска каде што имаше нагло зголемување на бројот на новозаразени, на хоспитализации и на починати, истакна Мехмедовиќ.

Со ваквата сосотојба можеби ќе се мотивраат повеќе граѓани да се вакцинираат, но и комисијата да се посвети на поглема промоција на вакцините. Имунизацијата е се уште многу важна со стандард од три дози, велат докторите. Со намалување на мерките не значи дека пандемијата ќе ја снема, бидејќи се уште не се знае како ќе биде во иднина, рече Петличковски.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ