Ликовната работилница – „Колонија на различностите” ќе се одржи од 20 до 22.11.203. Во просториите на ОУК Дом на млади – Штип, под менторство на Ристе Мицевски – Ликовен уметник и Борче Петровски – Дефектолог.
Работилниците за изработка на делата ќе се одржуваат на 20 и 21.11. со почеток од 11:00 часот.
На 22.11. со почеток од 19:30 часот ќе се одржи изложба на која ќе бидат изложени изработените дела од страна на учесниците во колонијата.