петок, април 12, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsКолку штипјани се задоволни од работата на Јорданов пред истекот на стоте...
spot_img

Колку штипјани се задоволни од работата на Јорданов пред истекот на стоте дена?

На ден пред истекот на 100 дена нова Лолкана власт во Штип, екипата на М-Нет телевизија беше на терен. Ги прашавме штипјани колку се задоволни од работата на новиот градоначалник Иван Јорданов, дали се забележуваат промени во градот под Исарот и во која насока се движат работите. Колку се запознаени со програмата и проектите на Јорданов, и како тие ги оценуваат првите 100 дена откако тој седна во градоначалничката фотелја.

„Има подобрување, новиот градоначалник сега многу добро работи, нека му е со среќа се добро да биде“

„ 100 дена, ама ќе видиме понатаму, сите на почетокот работат ќе се види крајот. Ако напарве добро ќе му се продолжи, ако не направе ништо лошо ќе помине. Човекот е млад уште, треба да има вода во градот и тоалети, на тоа треба да работи“

“ Јас гледам дека градоначалникот е заинтересиран, залага се гледам и на фејсбук залага се потребна му е само поддршка“

Штипјани велат дека очекуваат посветена работа од новиот градоначалник и по истекот истекот на стоте дена. Додаваат дека ако продолжи со ова темпо на работа може да си го задржи градонаалничкото место уште еден мандат, во спротивно ќе заврши како и сите останати градоначалници во Општина Штип.

извор:mnet.mk

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ