„Може би треба да земеме пример од жените политичарки, како подпретседателката Илијана Јотова, министерката Генчовска и поранешната министерка Екатерина Захариева, за тоа како се брани позицијата во однос на РС Македонија“, изјави Петар Колев, лидер на ГДУ во утринската програма на бугарската телевизија БТВ.
„Политиката е мажјачка работа, за којашто ти е потребен јак грб. Чувствувам дека бугарските политичари и оние во Македонија, имаме потреба од овој пример на жените, кои се занимаваат со политика. Не е срамно да ги прашаме, како се издржува овој притисок“, додава Колев. Според него единственото нешто што може да ги извади меѓусебните односи меѓу Скопје и Софија е решавањето на отворените прашања, а не ветувањата за нивно решавање во иднина.
„Како правото на самоопределба може да важи само за живите, но не и за починатите? Дали има разлика кога тоа важи за Гоце Делчев, кој самиот се изјаснувал како Бугарин?“, прашува Колев.
„За мене клучно е прашањето за човековите права. Нивното декларирање и спроведување во македонското општество. Почнува се појавува една идеја за трговија меѓу историската вистина и човековите права“, вели Колев.