петок, септември 22, 2023
Google search engine
ПочетнаМакедонијаКолапс во македонското здравство: Нема акушерки, ги заменуваат медицински сестри
spot_img

Колапс во македонското здравство: Нема акушерки, ги заменуваат медицински сестри

Велат дека здравјето е најважно во животот, а недостигот од здравствени работници во државава го зголемува стравот за сопственото здравје кај населението. Недостигаат кадри од повеќе здравствени струки, меѓу кои и акушерки. Соговорниците на МИА потврдуваат дека од година во година бројката на акушерки се намалува, а се заменуваат со медицински сестри.

Во 2004 година во нашата држава имало 1.180 акушерки, во 2022 бројот бил 237. Статистичките податоци не се комплетно точни бидејќи има акушерки кои работат на други работни места или воопшто не работат како акушерки, но во родилиштата во родилните сали во моментов работат 237 акушерки.

Овие податоци за МИА ги сподели дипломираната акушерка, Тања Трајковска, која воедно е и потпретседателка на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, претседателка на одборот на акушерки во Комората на здравствени работници со средно, вишо и високо образование и поранешен претседател на секцијата на акушерки.

-Недостигот на акушерки е премногу голем и тој недостиг се продлабочува бидејќи во минатото едукацијата на акушерките беше на секои три до четири години, така да оваа година имаше поголем одлив, во смисол на пензионирање. Недостигот се создава со години систематично и тоа пред сѐ се должи на медикализација на породувањето, сѐ поголемиот број на царски резови, приватизација на примарната здравствена заштита и несоодветниот образовен систем, вели Трајковска во разговор за МИА.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ