По две години пауза, “Штипска пастрамалијада”повторно ќе се организира!
На 23ти и 24ти септември, Штип ќе биде центарот на најголемата манифестација
23ти Петок ќе настапат Јелена Розга, Џамбо Агушеви и ДНК
24ти Сабота ќе настапат Тони Цетински, музичката група Куку Леле и Зоран Илиев.
Оваа година Пастрамалијадата ќе биде најзабавниот и најгурманскиот настан во државата!
“На 23 и 24 Септември ветуваме неверојатен хепенинг со Тони Цетински, Јелена Розга, ДНК, Џамбо Агушеви, Куку Леле и Зоран Илиев, а штипските мајстори на најдобар можен начин ќе го промовираат неповторливиот штипски бренд – пастрамалија.
Ве покануваме на Пастрамалијада 2022, настан за кој долго ќе се зборува!”, истакна Градоначалникот Иван Јорданов.
