Екипата на Брегалница Штип промовира ново засилување за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Нов член на штипјани е Ване Јованов, кој беше дел од таборот на „сините“ во сезоната 2017/18. Десното крило се враќа во Штип, откако минатата сезона настапуваше за екипата на Победа Прилеп. Низ кариерата 24-годишникот настапуваше и за екипите на Вардар, Академија Пандев и Саса Каменица.
Јованов е второ засилување ова лето на Брегалница, откако клубот го врати Мартин Давков за следната сезона. Тимот од градот под Исарот и во следната сезона има амбиции за средината на табелата во ПМФЛ.