Како што може да се забележи од фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција оштетени се и кабините од самата наплатна станица.


Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека нивна екипа ќе изврши увид, возачот не е повреден, а е причинета материјална штета.
Патарините кај Кадрифаково и Преод во Општина Свети Николе, се во изградба, а според најавите на директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми требаше да бидат готови до крајот на март.


