сабота, април 13, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗдравјеИ официјално - „Корона чао“: Од утре без маски во затворен простор
spot_img

И официјално – „Корона чао“: Од утре без маски во затворен простор

Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести и истите веднаш ќе бидат објавени во Службен весник. Од утре во продавница, во трговски центри и на работните места граѓаните немаат задолжителна обврска да носат маски. Останува правото на избор а мерката ќе биде на сила само во аптеки, болници, јавен превоз и старски домови.

Од 13-ти април нема повеќе и изолација за контактите, а министрите дадоа зелено светло и за одржување на училишни екскурзии и настава во природа. Во училиште без маски ќе бидат и средношколците иако оваа препорака беше доставена до кризниот штаб уште пред две недели. 

На владината седница дозволија и работа со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и право на нега од друго лице. 

Според информации на Сител на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде препорачано укинување и на други рестрикции во државата поради стабилната епидемиолошка состојба но и примерите од соседните земји. Во дневната статистика постојано регистрираат намален број на новодијагностицирани, а тоа го покажува и последната неделна анализа на ИЈЗ.

За 31 процент има помалку позитивни на Ковид-19 а за 23 проценти е намален и бројот на смртни случаи. Има и помалку реинфекции а во пет градови во државата нема ниту еден активен случај. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ