понеделник, април 15, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаИсчезнуваме како народ и држава: Аналзиата на ОН предвидува дека Македонија ќе...
spot_img

Исчезнуваме како народ и држава: Аналзиата на ОН предвидува дека Македонија ќе изгуби 40-50% од населението до крајот на овој век

Босна и Херцеговина го зазема првото место на листата на земји со најмногу намален број на жители во светот, покажа извештајот на Обединетите Нации (ОН) за 2022 година, „Перспективи на светското население”.

Според извештајот, Босна и Херцеговина годишно губи над 1,5 отсто од своето население.

Меѓу првите десет земји се најдоа и Србија и Хрватска, едната на седмо, а другата веднаш по неа, на осмо место.

ОН очекуваат Летонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Литванија, Косово, Ерменија, Северна Македонија, Полска, да изгубат 40 до 50 отсто од населението до крајот на овој век.

– Анализата на состојбата со населението потврди дека Босна и Херцеговина е земја со „најниска ниска” плодност во светот – 1,25, високи нивоа на миграција и стареење на луѓето, како и со длабоко вкоренети родови нееднаквости, предупреди неодамна Џон Кенеди Мосоти, претставник на Популациониот фонд на ОН во Босна и Херцеговина, по составувањето на Проекцијата за населението на државата за периодот 2020 – 2070 година.

Тој оцени дека до 2070 година, таквите демографски трендови и нееднаквости ќе доведат до намалување на вкупното население за повеќе од 50 отсто, додека демографската структура ќе се приклонува кон постарата популација, со нејзин удел во вкупниот број жители од над 40 проценти.

Share on FacebookTweet

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ