среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотИстражување: Инфлацијата е важен мотив за купување на криптовалути
spot_img

Истражување: Инфлацијата е важен мотив за купување на криптовалути

Криптовалутите во минатата година биле широко прифатени во Бразил и Индонезија, чии граѓани бараат заштита од инфлација во период на голем пад на вредноста на домашните валути, вели истражувањето на американската берза на криптовалути “Gemini”.

Испитани повеќе од 30.000 луѓеМинатата година била успешна за криптовалутите, покажало истражувањето, истакнувајќи ја како главните мотори на побарувачката инфлацијата во земјите чии валути изгубиле на вредност. “Gemini” анкетирал речиси 30.000 луѓе во 20 земји од ноември минатата до февруари оваа година.Бразил и Индонезија предничат во светот по усвојувањето на криптовалути, со 41 процент сопственици меѓу испитаниците. За споредба, нивниот удел во САД изнесува 20 проценти, а во Обединетото Кралство 18 проценти, покажало истражувањето.Во Европа само 17 проценти од испитаниците навеле дека во 2021-ва година биле сопственици на дигитален имот, а само седум проценти од оние кои моментално не поседуваат рекле дека во одреден момент планираат да купат.

“Bitcoin” во ноември достигнал највисоко ниво

Анкетата покажала дека испитаниците во земјите чии валути ослабеле кон доларот се повеќе од пет пати посклони кон купување за да се заштитат од инфлација. Во САД и во Европа само 16 проценти од испитаниците сметаат дека криптовалутите штитат од инфлација, во споредба со 64 проценти од луѓето во Индонезија и Индија.

Индиската рупија ослабела во однос на доларот за 17,5 проценти во последните пет години, додека индонезиската рупија меѓу 2011-та и 2020-та потонала за 50 проценти. “Gemini” открил дека минатата година 79 проценти од сопствениците купувале дигитален имот поради неговиот долгорочен инвестициски потенцијал.

Најпопуларната криптовалута “Bitcoin” во ноември достигнала највисоко ниво откако почнало да се тргува со неа, надминувајќи 69.000 долари, со што вредноста на нејзиниот пазар достигнала 3000 милијарди долари, пишува “CoinGecko”.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ