Синоќа во египетското одморалиште Шарм Ел Шеик се одржа изборот за Мис на Србија, а титулата за оваа година ја понесе девојката за која се вели дека е српската Кендал Џенер.
Титулата за најубава девојка ѝприпадна на 20-годишната Ања Радиќ, која ќе ја претставува својата земја на изборот за „Мис на светот“ што ќе се одржи во март.

Родена во Белград, студентка е на Факултетот за проектен менаџмент и иновации. Често учествува на натпревари од областа на менаџментот и маркетингот.
Се занимава и со манекенство, а покрај професијата се интересира и за глума, лидерство и литература.
Поради сличните црти на лицето, често ја споредуваат со Кендал Џенер, што за Ања се комплименти кои ѝ прилегаат.
„Секако дека ми се допаѓа, бидејќи таа е меѓу најпознатите манекенки во светот“, изјави во една прилика за српските медиуми.

Ања беше финалистка на изборот за Мис на Србија во 2019 година, а минатата година ја освои титулата Топ модел на Европа на натпреварот „Top Model World“.

На синоќешниот избор за прва придружничка беше прогласена Анела Џановиќ од Прибој, додека позицијата на втора придружничка ја понесе Анѓела Букало.
