Кошаркарската Евролига денеска го соопшти составот на идеалниот тим за актуелната сезона во кој се најдоа играчи на Барселона, Реал Мадрид, Олимпиакос, Монако и Анадолу Ефес.
Во изборот на идеалниот тим гласаа новинари, навивачи, како и капитените и тренерите на евролигашките екипи.
Фајналфор турнирот за оваа сезона е на програмата од 19 до 21 мај во Белград, а двете полуфинални двојки се Олимпиакос – Анадолу Ефес и Реал Мадрид – Барселона.
Идеалната петорка ја сочинуваат:
Никола Миротиќ (Барселона)

Мајк Џејмс (Монако)

Шејн Ларкин (Анадолу Ефес)

Саша Везенков (Олимпиакос)

Валтер Таварес (Реал Мадрид)
