Младиот математички гениј, Дамјан Давков денес беше на прием кај градоначалникот на Штип, Иван Јорданов по повод освоениот сребрен медал на Светската математичка Олимпијада.
„Штипскиот Питагора успеа повторно да не направи горди. Затоа, денес во Општина Штип на Дамјан Давков му беше врачен мал подарок, вредносен ваучер, со цел да му покажеме дека го вреднуваме неговиот успех и го мотивираме да продолжи да нижи успеси на секое поле“, стои во соопштенито на Јорданов!
