среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотЗошто мажите клекнуваат на колено кога ја запросуваат жената?
spot_img

Зошто мажите клекнуваат на колено кога ја запросуваат жената?

Колку пати досега на филмовите сме виделе сцена во која мажот клекнува на колено пред девојката која ја сака, го вади свршеничкиот прстен за да ја запроси, а таа прифаќа, со солзи во очите? Дали некогаш сте се запрашале зошто воопшто мажот клекнува на едно колено за да ја побара жената?

Кога некој ќе клекне на колено, изјави љубов и ја замоли партнерката да се омажи за него, најчесто на ум ни доаѓа мислата дека тоа е традиционална, западноевропска брачна понуда.

Но, за да ги добиеме точните одговори, треба да се вратиме неколку векови наназад, во времето на витезите.

На кое колено би требало да клекнете во текот на запросување? Обично, мажот се спушта на левото колено кога го поставува прашањето, (иако е сосема сеедно). Кутијата со прстен ја држи во левата рака, а со десната рака го открива свршеничкиот прстен за саканата.

Зошто левото колено? Според Кит Вилард, еден од најпознатите организатори на свадби во САД, повеќето луѓе клекнуваат на левото колено бидејќи се деснораки. Спуштањето на лево колено овозможува тој што прашува убаво да се намести и лесно да ја отвори кутијата.

Зошто во текот на запросувањето мажот се спушта не едно колено?

Иако историското потекло на овој романтичен гест е малку нејасно, според Вилард оваа традиција потекнува од средниот век, кога витезите се поклонувале пред благородничките. Клекнувањето бил дел од протокол на многу церемонии и обреди, вклучително и на онаа од романтичен вид.

Средновековната уметност ги прикажува витезите како клекнуваат пред нивните феудалци во знак на чест и почит или како клекнуваат пред благородничка за да изразат вечна лојалност и восхит.

Вилард нагласува дека кога  мажот клекнува на едно колено покажува почит кон идната сопруга.

„Тоа е гест кој го става мажот во потчинета позиција, целиот негов живот сега е во нејзини раце, со надеж дека таа ќе биде љубезна и полна љубов“, вели Вилард.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ