сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЗОО и МВР со успешна мисија: Спасен е коњот кој бил врзан...
spot_img

ЗОО и МВР со успешна мисија: Спасен е коњот кој бил врзан во стан во Дебар Маало!

Коњот кој несовесни лица го качиле на тераса на вториот кат во напуштена зграда во Дебар Маало, е спасен и пренесен во ЗОО Скопје.

Животното било оставено во станот без храна и вода, врзано, а во неговото спасување, односно симнување од зградата, учествувале вработени од ЗОО заедно со директорот Стаменов и МВР, а бил присутен и инспектор од АХВ.

-Вчера на неколку портали беше објавено дека во Дебар Маало има коњ на тераса од стан во напуштена зграда, а полицијата добила и неколку пријави од граѓани. Колегите од Скопје ЗОО, заедно со директорот Кристијан Стаменов, МВР и инспектор на АХВ излегоа на терен и ја започнаа спасувачката мисија на коњчето кое за жал било врзано во руинираниот објект и оставено без храна и вода.

Доцна вечерта коњот беше пренесен во Скопје ЗОО каде што ќе му обезбедиме ветеринарна грижа и најдобра нега. Апелираме да не се измачуваат овие најпрекрасни животни и што поскоро да се направи план на централно ниво за што поголема благосостојба на коњите- информираат од ЗОО Скопје.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ