среда, септември 27, 2023
Google search engine
ПочетнаСветЗеленски лут: НАТО не користи како штит од Русија 
spot_img

Зеленски лут: НАТО не користи како штит од Русија 

Украинскиот лидер Володимир Зеленски предложи средба со рускиот претседател Владимир Путин со цел да се спречи инвазијата на Русија во Украина.

-Не знам што сака рускиот претседател. Поради оваа причина, предлагам да се сретнеме – рече Зеленски на меѓународниот безбедносен форум во Минхен, порачувајќи дека Украина ќе продолжи да го следи само дипломатскиот пат заради мирно решение.

на глобалните сили за да обезбеди нови безбедносни гаранции за Украина, бидејќи, според него, сегашниот глобален систем е премногу слаб, повикувајќи ги членките на НАТО алијансата да бидат искрени дали сакаат Украина да се приклучи.

-Украина служи како штит веќе осум години. Доверлив штит кој држи една од најголемите армии во светот – рече Зеленски, критикувајќи ги другите земји што не ѝ дадоа воената помош на неговата земја поради заканата од Русија.

Зеленски зборуваше неколку часа откако денеска сепаратистичките лидери во источна Украина наредија целосна воена мобилизација, додека западните лидери упатуваа сè пострашни предупредувања дека руската инвазија се чини неизбежна.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ