Голем дел од змиите кои граѓаните ги среќаваат на Водно, но и во други градски средини, не се отровни и не се опасни по здравјето на луѓето.
Станува збор за змијата смог, но и под 1500 метри надморска височина човекот може да има средба и со отровниот поскок. Драган Арсовски од Македонското Еколошко Друштво објаснува дека и змиите не ги сакаат урбаните средини и се плашат од луѓето. Но, бидејќи не често ги гледаме змиите тие најчесто предизвикуваат страв кај граѓаните.
„Поголемиот број од змиите кои што ги имаме не се отровни, па дури оние кои се отровни всушност не се агресивни односно не се територијални па да нападнат, бидејќи ние сме влегле во нивната територија кај нас такви видови нема. Всушност кога ќе се сретнеме отровна змија или смог кој не е отровен единствено ние треба само да го продолжиме патот на другата страна да ја заобиколиме змијата може да земеме стапче и да ја тргнеме“,изјави Драган Арсовски биолог – Македонско еколошко друштво.
Во случај да ве касне змија треба колку може да бидете смирени бидејќи паниката прави само поголем проблем. Во тој момент најдобро е да забележите каква шара има змијата. Тоа е многу важно, со причина. Доколку змијата не е отровна не треба да се прими противотров.
-Поскокот е мала змија и има рог на главата. Има две мали забчиња остануваат како две точки на телото и да се бара помош. Смогот остава трага како полукруг има многу мали забчиња тој не е отровен.
Напролет ладнокрвните влекачи излегуваат од долгиот зимски сон и се најактивни бидејќи тогаш е нивниот период на размножување, односно се во потрага по партнер. Затоа, овој период се и најчести средбите со овие животни.
Според билогот Арсовски змиите играат клучна улога во екосистемите, првенствено како контрола на популациите на глодари како што се глувците и се екстремно корисни. Најважно е луѓето кои имаат куќи во природа дворовите редовно да ги чистат и косат.