среда, април 17, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЗа да не се предаде жива во рацете на Бугарскиот окупатор, Вера...
spot_img

За да не се предаде жива во рацете на Бугарскиот окупатор, Вера се самоубила: Штип одбележува 78 години од смртта на Циривири Трена

Штип денеска одбележува 78 години од убиството на Вера Цирицири Трена. Таа на 15 години, поради болест оди на лекување во Белград и токму таму започнува нејзината политичката кариера.

Во тоа време, шивачкиот дуќан на Коста Циривири, нејзиниот татко, во Белград било познато свратилиште на револуционери, уметници, поети и студенти од Македонија, меѓу кои најредовни посетители биле: Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Борка Талески, Кузман Јосифоски-Питу, Кочо Рацин и други, кои имале големо влијание во нејзините политички убедувања.

Во 1940 година станала член на Комунистичката партија на Југославија, а истата година на Илинден, таа била еден од организаторите на манифестацијата, која по повод националниот празник ја организирале младите македонски патриоти.

За време на окупацијата Вера Циривири била меѓу првите што се приклучува во НОБ. Таа важела за многу добар инструктор со одлични организаторски способности, па поради тоа партијата постојано и доверувала задачи да отвора месни комитети и да испраќа борци на фронтот. Во повеќе места Вера се претставувала како Трена, некаде како Светлана, некаде како Ленче.

Бугарските окупаторски власти давале 20.000 лева за да ја фатат жива. По партиска задача заминала за Штип, каде што во ноќта на 15 јули 1944 година, од бугарската полиција била блокирана куќата во која се наоѓала. Вера боса почнала да бега кон соседните куќи, но никој не и одговорил на молбите да се скрие. Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од полициските агенти, кои ја гонеле. За да не се предаде жива во рацете на непријателот, Вера се самоубила.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ